На 07.11.2026 во 20:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Лазар Личеновски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, кое според кажувањето на лице на возраст од 24 години од Скопје било управувано од 23-годишна жена од Скопје, и патничко возило „фолксваген т-рок“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице на возраст од 43 години од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 23-годишната жена, додека со телесни повреди се здобиле лицата на возраст од 24 и 43 години. Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.


