Centar.mk
БИЗНИС

НОВ ЦЕНОВЕН УДАР ЗА ВОЗАЧИТЕ – Бензините поскапија за два денари, дизелот достигна 100 денари

Од полноќ стапија во сила нови, повисоки цени на горивата во Македонија, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за два денари по литар, додека дизелот поскапува за еден денар.

Со новата одлука, максималната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 95 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ ќе достигне 100 денари за литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство останува 110 денари, додека мазутот ќе изнесува 55,573 денари за килограм.

Новите цени важат од 3 ноември 2026 година, од 00:01 часот. Просечното зголемување на малопродажните цени изнесува 1,55 проценти во споредба со претходната одлука, а во пресметката се вклучени и важечките мерки за намалени даночни и акцизни оптоварувања.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИ ПЛАНИРАНИТЕ РОКОВИ ЗА ГАСНИТЕ ВРСКИ – Интерконекторот со Грција се очекува во 2027, со Србија во 2028 година

ДЕСК

ПОЗНАТО Е КОГА ЌЕ СЕ ПОКАЧИ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА – Работниците во Македонија очекуваат ново зголемување, еве што предвидува законот

ДЕСК

КОЛКУ ЌЕ ВРЕДАТ ЕВРОТО И ДОЛАРОТ ВО ПОНЕДЕЛНИК? – Позната курсната листа за 9 ноември, еве колку денари вредат 100 и 500 евра

ДЕСК