Centar.mk
copyright J.S.
БИЗНИС

ОД ДЕНЕСКА ПОЧНУВА ВАЖЕН ПЕНЗИСКИ РОК – Лицата со бенефициран стаж имаат три месеци да одлучат

Од 20 октомври започнува законскиот период во кој членовите на задолжителните пензиски фондови со бенефициран стаж можат да изберат дали ќе го продолжат своето членство во вториот пензиски столб. Според официјалното известување на МАПАС, ова право го имаат лицата чиј бенефициран стаж овозможува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година. Крајниот рок за доставување писмена изјава е 20 јануари 2027 година.

Доколку лицето не достави изјава во предвидениот рок, членството во задолжителниот приватен пензиски фонд ќе престане, а средствата од индивидуалната сметка ќе бидат префрлени во државниот Фонд на ПИОСМ. МАПАС појаснува дека лицата што веќе поднеле изјава во претходните години немаат обврска повторно да ја доставуваат. Станува збор за значајна одлука што може да влијае врз начинот на идното пензиско осигурување, па засегнатите граѓани треба да ги проверат условите пред да изберат.

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД МАПАС ЗА ЧЛЕНОВИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ СО БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ – Од 20 октомври почнува рокот за важна одлука, еве кој мора да поднесе изјава

 

Можеби ќе ве интересира

Голем попуст не значи секогаш добра зделка – месец на вистински ниски цени на Ананас

ДЕСК

ОД ДЕНЕСКА ПОВИСОК ЛИМИТ ЗА КЛИЕНТИТЕ НА „АЛТА БАНКА“ – 15.000 денари неделно и шалтери во два нови града

ДЕСК

Живот со помалку отпад: Практични совети за идните еко амбасадори

ДЕСК