Centar.mk
ЛОКАЛНО

БЕЗ СТРУЈА ВО ГАЗИ БАБА И ИЛИНДЕН – Објавени улиците и часовите на планираните прекини

Поради планирани технички интервенции и реконструкција на електричната мрежа, денеска се најавени прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од скопските општини Гази Баба и Илинден. Според известувањето доставено преку Регионалниот центар за управување со кризи, од 8 часот се опфатени делови од улицата „Палмиро Тољати“ во Синѓелиќ, додека на улицата „Среќко Пужалка“ прекините се распоредени во различни временски интервали.

Во општина Илинден од 9 до 13 часот без напојување е најавено да останат потрошувачите од улиците 2, 3 и 406 во населбата Јака, а од 9:30 до 13:30 часот корисниците од улиците 510 и 526 во Марино. Планираните прекини се поврзани со одржување и реконструкција на нисконапонската мрежа. Точниот момент на повторно воспоставување на напојувањето може да зависи од завршувањето на работите.