Centar.mk
РЕГИОН

ЦРНА ГОРА МОЖЕ ДА ЗАТВОРИ ТРИ ЕУ-ПОГЛАВЈА ВО ЕДЕН ДЕН: Се чека согласност од една членка

На денешната меѓувладина конференција во Луксембург официјално е планирано Црна Гора да затвори две преговарачки поглавја – статистика и социјална политика и вработување.

Пратеникот Иван Вуковиќ тврди дека постои можност во текот на денот да биде затворено и поглавјето за економска и монетарна политика доколку пристигне согласност од уште една земја-членка. Тоа во овој момент е можност, а не потврдена одлука на ЕУ.