Centar.mk
РЕГИОН

СЛОВЕНЦИТЕ ИСПРАТИЈА МЕШАНА ПОРАКА НА ЧЕТИРИ РЕФЕРЕНДУМИ: Клучниот закон беше одбиен

На вчерашните четири референдуми во Словенија граѓаните донесоа различни одлуки по прашањата што ги постави власта. На правно обврзувачкиот референдум беа отфрлени измените на Законот за парламентарна истрага.

Според речиси целосно обработените резултати, против измените гласале нешто повеќе од половината излезени избирачи.

Посебно тесен бил и исходот околу финансирањето на јавниот сервис, што покажува длабока поделба во словенечкото гласачко тело.