Грчката полиција уапсила 61-годишен маж под сомнение дека изработувал лажни пасоши и лични документи за мрежа која организирала нелегално префрлање мигранти кон Европската Унија. Работилницата била откриена во атинската населба Егалео.
Според полициската истрага, дел од рутата водела од Турција и Ирак преку Македонија, а потоа кон Грција и други европски земји. Истражителите проверуваат колку лица користеле фалсификувани исправи и колкав бил обемот на мрежата.


