Centar.mk
СВЕТ

СЕВЕРНА КОРЕЈА ИСТРЕЛА НОВ БАРАЖ РАКЕТИ: Најмалку две паднале надвор од јапонската економска зона

Северна Кореја денеска истрела повеќе балистички ракети од подрачјето на Пјонгјанг. Јапонското Министерство за одбрана регистрирало најмалку две од нив, кои паднале во Јапонското Море надвор од ексклузивната економска зона на земјата.

Јужнокорејската војска соопшти дека проектилите поминале повеќе од 900 километри и дека е засилен надзорот поради можност од дополнителни лансирања. Информациите се споделуваат меѓу Сеул, Токио и Вашингтон.