Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА: Повремен дожд и посвеж ден пред нас

Променливо облачно и постудено. Во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла во одредени котлини и речни долини. Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утрото ќе биде свежо, со минимални температури кои ќе се движат од 6 до 14 степени.

Во текот на денот ќе остане посвежо во западните и дел од централните подрачја, каде максималните температури ќе бидат околу 12 до 16 степени. Во северните и источните делови ќе се движат претежно од 15 до 20 степени, додека најтопло ќе биде на југоистокот, каде температурата ќе достигне до 21 степен.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претежно облачно и постудено. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.