Centar.mk
РЕГИОН

Дванаесетгодишно момче од Србија е спасено од морето во близина на Ханиоти

Дванаесетгодишно момче од Србија денес е извлечено во несвест од морето во близина на Ханиоти на Халкидики, Грција, по што е вратено во живот со реанимација, а потоа е хоспитализирано.

Како што објави „Прототема“, на момчето му е укажана прва помош од спасувачи кои извршиле реанимација откако е извлечено од морето.

Потоа со брза помош е префрлено во здравствениот центар во Касандрa, каде што лекарите ја стабилизирале неговата состојба a понатаму било испратено на понатамошно лекување во болницата во Солун.

Болницата во Солун соопшти дека здравствената состојба на момчето е добра и дека се лекува во детска болница, пренесува РТС./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

АНА БРНАБИЌ ВО ЖЕСТОКА РАСПРАВИЈА НА УЛИЦА – Вербален судир со поддржувачи на Студентската листа

ДЕСК

(ВИДЕО) ПАДНА „ЧАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД – Граѓаните ги рушат шаторите и ги отстрануваат оградите од Пионирскиот парк

ДЕСК

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА СО ПОРАКА ПО ИЗБОРИТЕ – Саичиќ најави нова политичка одговорност и повика на мирна прослава

ДЕСК