Centar.mk
РЕГИОН

ОТКРИЕН МАСОВЕН КИБЕРУПАД ВРЗ БУГАРСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ – Извлечени податоци еквивалентни на 62 милиони страници

Бугарските власти обелоденија дека хакерски групи со години имале неовластен пристап до делови од државната информациска инфраструктура. Според министерот за иновации и дигитална трансформација Иван Василев, во текот на операцијата биле извлечени најмалку 130 гигабајти информации, што властите го споредуваат со повеќе од 62 милиони страници документи.

Неовластениот пристап, според досегашните сознанија, траел од 2021 година. Инцидентот бил откриен по воведување нов систем за следење на сајбер-безбедноста, по што биле вклучени повеќе државни институции и безбедносни служби. Бугарските власти соопштија дека пристапот на напаѓачите е прекинат и дека е започната истрага.

Засега нема доволно докази за одговорноста да ѝ биде припишана на конкретна странска влада или разузнавачка служба. Надлежните наведуваат и дека досега нема потврда за компромитирање на личните податоци на граѓаните, иако конечниот обем на последиците е предмет на проверка.

Можеби ќе ве интересира

ЦРНА ГОРА ПРЕД НОВ УСПЕХ НА ПАТОТ КОН ЕУ – Денеска се очекува затворање на уште две поглавја

ДЕСК

ГОЛЕМ ПОЛИТИЧКИ УДАР ЗА СНС НА ВУЧИЌ – Европската народна партија подготвува предлог за едногодишна суспензија

ДЕСК

ВУЧИЌ НАЈАВИ ДЕМОНСТРАЦИИ ПРЕД РТС – Порака до јавниот сервис од собраниската говорница

ДЕСК