Centar.mk
фото скриншот/МВР
СВЕТ

МАСАКР ВО ГЕРМАНИЈА: Шест лица убиени во центар за мајки и деца

Шест лица загинаа во пукање во установа за социјална грижа во градот Штаде, во северна Германија. Според германските власти, сите жртви биле вработени во центарот или поврзани со неговата работа, а осомничениот напаѓач е уапсен.

Истрагата засега укажува дека случајот најверојатно е поврзан со спор околу старателство над дете, а не со политички или идеолошки мотив. Полицијата продолжува да ги утврдува деталите за нападот.