Голема научна експедиција во водите околу португалскиот архипелаг Мадеира донесе нови сознанија за состојбата на морскиот екосистем. Повеќе од 200 специјалисти учествувале во истражувањата, при што биле извршени речиси 500 нуркања, поставени над 300 подводни камери и земени примероци за анализа на биолошката разновидност и микропластиката.
Првичните резултати покажуваат дека морските заштитени подрачја имаат позитивен ефект врз дел од видовите. Во нив биле забележани поголеми и побројни примероци на одредени морски организми, а истражувачите утврдиле и охрабрувачки показатели за зачувувањето на загрозената средоземна монашка фока.
Сепак, научниците регистрирале помалку од десет ајкули во текот на целата експедиција, што предизвикува загриженост. Резултатите ќе се користат при идното планирање на заштитата на морските подрачја, а нова експедиција е предвидена за 2027 година.


