Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 33-годишник и 64-годишник од с. Лакавица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 22.10.2026 во атарот на с. Лакавица, во имот на лице од Гостивар, по претходна расправија, првопријавениот се обидел да го нападне лицето со моторна пила, по што првопријавениот бил физички нападнат од второпријавениот, кој употребил и дрвен предмет.


