Centar.mk
фото скриншот/МВР
МАКЕДОНИЈА

ТРАКТОРОТ ТРГНАЛ САМ, А ВЕЧЕРТА ЗАВРШИЛА КОБНО: Почина маж од скопско Грушино

На 08.06.2026 околу 19:00 часот во СВР Скопје од приватна здравствена установа од с.Арачиново, скопско, е пријавено дека кај нив бил донесен починат И.Ш.(73) од с.Грушино, скопско.

Полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со братот на починатиот, кој изјавил дека при стартување на трактор, на кој имало поставено собирачка за сено и кој бил ставен во брзина, тракторот почнал да се движи, при што И.Ш. го зафатила собирачката.

На пат кон здравствената установа, тој починал.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.

Можеби ќе ве интересира

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Врнежите ќе се засилуваат во текот на ноќта и утре

ДЕСК

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ВЕЛЕС – 82-годишен маж приведен по пријава дека ја нападнал сопругата со дрвен предмет

ДЕСК