Општина Центар информира дека на 11.06.2026 година ЕВН започнува со реконструкција на мрежата за улично осветлување и електроенергетската мрежа за напојување на корисниците.
Првата фаза од активностите ќе се реализира на потегот од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ до Романската амбасада, по што ќе следуваат и други фази од реконструкцијата.
Во рамки на активностите, секаде каде што е можно, старите дрвени бандери ќе бидат демонтирани, а напојувањето ќе се врши преку нови подземни кабли. По завршувањето на земјените работи, тротоарите ќе бидат целосно обновени и реконструирани.
Со реконструкцијата ќе се обезбеди посигурно и поквалитетно снабдување со електрична енергија, ќе се намали ризикот од дефекти, пожари и непланирани прекини, а ќе се создадат и услови за приклучување на нови корисници на мрежата.
Општина Центар апелира до граѓаните за разбирање и трпение за време на реализацијата на активностите.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


