Centar.mk
фото Влада
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Изградбата на училиштата се додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните

– Јас повторно со големо задоволство, со најголемо задоволство, сум овде во Општина Ѓорче Петров. Повторно на почеток на проект којшто е од суштинско значење и е со цел да, практично, помогне на нашите најмлади, на децата во делот на стекнување на нивното образование, во основното образование, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното поставување камен темелник за доградба на ООУ „Димитар Беровски“ во населба Хром, Општина Ѓорче Петров.

– Би сакал што е можно повеќе вакви објекти да можеме да почнеме, како резултат на што е можно повеќе дечиња коишто би си родиле најпрвин, а потоа би дошле до оваа фаза на своето образование.

Му честитам на градоначалникот, на Советот, на администрацијата, на пратеникот којшто доаѓа од Општина Ѓорче Петров, благодарност до Министерството за образование, до колегите од Владата што целиот овој период работиме за да отпочнеме нешто ново, да исправиме нешто од порано коешто било погрешно, да не создадеме нови дубиози и нови проблеми.

И ценам ваквите проекти само се додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните, пред сè на децата, бидејќи сето ова ние го работиме за нив. Да го оставиме за нив. Тие се тие коишто ќе го наследат сето ова коешто ние го работиме.

Еве нека се изгради овој објект за да можеме сите заедно да се радуваме во тоа што го правиме и што го создаваме.

Така што, нека е честито и да ни се множат вакви проекти уште повеќе, вели Мицкоски.

фото Влада

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Државата блиску до одлука самостојно да го гради проектот Чебрен и Галиште како државен-инвестиција во водната и енергетската иднина

ДЕСК

РАБОТНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ: Паднал од кров при градежни работи

ДЕСК

Димитријевиќ: Уште една лага на Мицкоски за реформите е разобличена- Брисел бара измени на Законот за судски совет

ДЕСК