Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ПЕТГОДИШНО ДЕТЕ ЗАВРШИ НА КЛИНИКА: Се затруло со таблети додека било под надзор на баба и дедо

На 08.06.2026 година во 18:40 часот, полициски службеници од ПС Гостивар извршиле разговор во Педијатриското одделение во Медицинскиот центар Гостивар, каде поради труење со лекови било донесено 5-годишно малолетно дете од село Чегране.

Мајката на детето, Н.А. (25), појаснила дека настанот се случил околу 17:00 часот додека таа била на работа, а детето било под надзор на неговите баба и дедо во нивната куќа, поради невнимание, детето дошло во допир со таблети кои биле оставени на лесно достапно место од страна на неговата баба и ги голтнало, по што се појавиле здравствени компликации.

Детето е затекнат во стабилна и контактибилна состојба, а по укажаната првична помош е префрлено на Детската клиника во Скопје за понатамошна нега и испитувања.

Можеби ќе ве интересира

НОВ МОДЕЛ НА СТУДЕНТСКО СТИПЕНДИРАЊЕ: 3.000 СТИПЕНДИИ, ПОВЕЌЕ МОЖНОСТИ И ПОДДРШКА ЗА СТУДЕНТИТЕ

ДЕСК

22 состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија

ДЕСК

ПРВО ВИКАЛ И СЕ ОДНЕСУВАЛ АГРЕСИВНО, ПА ГО ОШТЕТИЛ „ФОРДОТ“ – Ноќен инцидент во Охрид

ДЕСК