Centar.mk
фото: скриншот на видео од Влада
СВЕТ

Руте по нападот со беспилотно летало во Романија: НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од својата територија

НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од својата територија, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, откако беспилотно летало удри во станбена зграда во Романија, членка на Алијансата, за време на синоќешниот руски напад врз соседна Украина.

„Неодговорното однесување на Русија претставува опасност за сите нас. Синоќа уште еднаш покажа дека последиците од нелегалната агресивна војна на Русија не запираат на границата“, напиша Руте на социјалната мрежа X.

Тој додаде дека НАТО ќе продолжи да ги зајакнува своите капацитети за одвраќање и одбрана на сопствената територија и ќе продолжи да ја поддржува Украина во нејзината одбрана од руската агресија.

„Ние ќе продолжиме да го зајакнуваме нашето одвраќање и одбрана и ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина додека се брани од руската агресија“, рече Руте.

Во ударот на руски дрон во станбена зграда во Галац се повредени две лица. Ова е првпат во време на војна беспилотно летало да погоди густо населена област во Романија, со повредени.

Инцидентот во Романија, членка на Европската Унија, веројатно ќе ги зголеми тензиите на источното крило на НАТО во време кога сојузниците на Украина се загрижени за прелевањето на војната на Русија против нејзиниот сосед преку нејзините граници.

„Ја осудуваме неодговорноста на Русија и НАТО ќе продолжи да ја зајакнува својата одбрана од сите закани, вклучително и беспилотните летала“, напиша портпаролот на НАТО на Твитер./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Светските залихи на нафта се топат, недостатокот и понатамошното зголемување на цените стануваат сè поверојатни

C +

Мајка и дете претрпеа изгореници додека бегаа од зградата во која удри руски дрон

C +

Фон дер Лајен: Руската агресивна војна премина уште една црвена линија

C +