Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се апси на повеќе локации низ Македонија, и тоа во Скопје, Прилеп, Струга, Неготино, Табановце… – осум лица завршија со лисици на рацете

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум лица кај кои била пронајдена дрога.

На 29.05.2026 година во 00:05 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, од слобода бил лишен лице(34) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена марихуана.

На 28.05.2026 година во 11:55 часот, на подрачјето на Карпош во Скопје, од слобода бил лишен лице(37) од Скопје, кај кого била пронајдена бела прашкаста материја.

На 28.05.2026 година во 22:30 часот, во КПУ Затвор Идризово, од слобода бил лишен лице (37) од с. Грчец, скопско, вработен во установата, кој при влез во видувалната оставил кафеава прашкаста материја на рафт.

На 28.05.2026 година во 15:30 часот, на улицата „ЈНА“ во Струга, од слобода бил лишен лице (54) од Струга, бидејќи кај него била пронајдена опаковка со бела прашкаста материја.

На 28.05.2026 година во 21:15 часот во Неготино, од слобода бил лишен 17-годишник од Неготино, кај кого била пронајдена цигара со зелена растителна материја.

На 28.05.2026 година во 21:00 часот, на улицата „Републиканска“ во Прилеп, од слобода биле лишени двајца малолетници, бидејќи при преглед кај едниот од нив била пронајдена марихуана.

На 28.05.2026 година во 12:51 часот, на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, од слобода бил лишен маж (42) од Република Унгарија, затоа што при извршена гранична контрола и преглед во патничко возило „Форд“ со унгарски национални ознаки, во личниот багаж биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и таблети.

По целосното документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК

Груевски добил унгарско државјанство, објави „ВиСквер“

C +

ТРАГИЧНА НОЌ ВО КУМАНОВСКО: Малолетник почина по сообраќајна несреќа

ДЕСК