Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЗАПЛЕНЕТИ 74 СТАРИ МОНЕТИ: Кривична пријава за прилепчанец

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против лице (41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластена трговија со добра под привремена заштита на културно наследство и природна реткост“.

Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 74 стари монети, од кои дел се од 19-ти и почетокот на 20-ти век.