Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Средба Андоновски – Варнс

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска оствари средба со Н.Е. Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, на која беше потврдена одличната соработка меѓу двете држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста.

На средбата се разговараше за продлабочувањето на билатералната соработка, особено во делот на сајбер безбедноста, во контекст на неодамнешната средба во Соединетите Американски Држави со заменик државниот секретар Кристофер Ландау, одржана една недела претходно, на која беше потврдена заедничката посветеност за натамошно унапредување на партнерството.

Во таа насока, беше изразена искрена благодарност за поддршката од страна на Амбасадата на САД, како и за техничката и финансиската помош во износ од 5 милиони долари, обезбедена од нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави, наменета за јакнење на сајбер безбедноста и дигиталната инфраструктура во државата.

Министерството за дигитална трансформација останува посветено на унапредување на безбедна, модерна и отпорна дигитална средина, во интерес на граѓаните, продолжувајќи ја успешната соработка со САД.

фото МДТ

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +