Centar.mk
ЛОКАЛНО

Општина Илинден започна со реконструкција на повеќенаменското игралиште во н.м Мралино

Општина Илинден започна со реконструкција на повеќенаменското игралиште во населеното место Мралино, со што продолжува континуираното вложување во подобрување на спортската инфраструктура и создавање поквалитетни услови за спорт и рекреација на младите.

Проектот предвидува целосно уредување на игралиштето, при што ќе се изврши замена на заштитната ограда, поставување нова јутена мрежа на головите, како и поставување нови голови за мал фудбал. Дополнително, ќе се изврши модернизација на осветлувањето со нови ЛЕД светилки, а теренот ќе добие и нова вештачка трева и мини трибина.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во почетокот на градежните активности и потенцираше дека со реализација на овој проект младите ќе добијат современ, безбеден и функционален простор за спорт и рекреација.

„Како локална самоуправа, остануваме посветени на унапредување на условите за живот на нашите граѓани, со посебен акцент на младите.“, истакна градоначалникот Георгиевски.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со изградба на нови и реконструкција на постојните игралишта и во другите населени места, потврдувајќи дека поддршката на спортот и младите останува еден од клучните приоритети во работењето на локалната самоуправа.

фото Општина Илинден

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +