Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Првиот заменик-претседател на Владата Беким Сали оствари средби со бизниси од дијаспората во Леверкузен

Леверкузен, Германија – Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за европски прашања, г. Беким Сали, за време на неговиот престој во Леверкузен, денес оствари средби со неколку успешни компании од нашата дијаспора.
Во рамките на овие средби, тој ги посети компаниите PEVALIT/PEVAPOR, A&F Baustoffhandel, Miftari Dämm-Flex GmbH и R&R Invest GmbH, кои претставуваат успешни примери на претприемништво на нашите иселеници на меѓународните пазари.

За време на средбите се разговараше за можностите за продлабочување на економската соработка, проширување на инвестициите и зајакнување на врските помеѓу дијаспората и домашната економија.

Заменик-претседателот Сали истакна дека Владата останува посветена на создавање поволна инвестициска клима, со посебен фокус на поддршка на дијаспората, која ја смета за стратешки партнер во економскиот развој на државата.

Тој подвлече дека искуството и капиталот на дијаспората претставуваат значаен потенцијал за економски раст и забрзување на европската интеграција на државата.

фото: Кабинет на министерот за европски прашања

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +