Centar.mk
СВЕТ

Американците го спасија и вториот пилот од соборениот Ф-15

Соединетите Американски Држави успешно го спасија и вториот пилот кој беше заробен зад непријателските линии, откако Иран претходно собори американски борбен авион Ф-15, соопшти утрово Белата куќа.

Претседателот Доналд Трамп, преку соопштение објавено од портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, на социјалната мрежа „X“, истакна дека војската извела подвиг за паметење.

„Го имаме! Мои сограѓани Американци, во изминатите неколку часа американската војска изведе една од најхрабрите операции за потрага и спасување во историјата на САД, за еден од нашите неверојатни офицери…“, стои во објавата на Левит.

Трамп потврди дека спасениот пилот е повреден, но нагласи дека неговата состојба е стабилна и дека ќе биде добар. Со ова успешно е завршена критичната ситуација за американскиот претседател, која се случува во шестата недела од војната со Иран./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран: Не, Американците не го спасија пилотот на соборениот Ф-15

C +

Напад врз петрохемиски комплекс во Емиратите

C +

Иран тврди дека соборил три американски летала за време на спасувачката мисија

C +