Циклонот Нарел предизвика хаос во делови од Австралија, обвиткувајќи цели населени места во густа прашина што го претвори небото во интензивна црвено-портокалова нијанса.
Во некои региони видливоста била речиси нула, а воздухот толку тежок и густ што граѓаните имале чувство како да не можат нормално да дишат. Целата околина изгледала како сцена од филм, со небо што зрачи во необична, застрашувачка боја.
Очевидци раскажуваат дека призорите биле нереални и вознемирувачки, додека силната песочна бура, поттикната од екстремно моќни ветрови, се ширела со огромна брзина. Според податоците на метеоролошките служби, налетите на ветер достигнале и над 200 километри на час, што ја прави оваа појава една од најинтензивните во последните години.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


