Centar.mk
СВЕТ

Израелски воздушни напади врз Техеран и аеродромот Мехрабад

Техеран беше покриен со густ црн чад рано утрово, а иранските државни медиуми објавија силни експлозии во главниот град. Снимките што кружеа на интернет покажаа најмалку два големи облаци чад – еден во централниот дел од градот, а другиот во западниот дел од иранскиот главен град.

Речиси истовремено со веста за експлозиите, израелската војска потврди дека започнала бран напади врз инфраструктурни цели во Техеран рано во понеделник.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека израелските воени авиони ги гаѓале објектите на аеродромот Мехрабад. Тоа е најпрометниот воздушен центар во Иран./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран го предизвикува Трамп: „Испрати бродови ако смееш“

C +

Кина му одговори на Трамп

C +

Дрон удри во зграда во Дубаи: луѓе испратија фотографии до семејствата па беа уапсени

C +