Centar.mk
Ai generated photo
СВЕТ

Дрон удри во зграда во Дубаи: луѓе испратија фотографии до семејствата па беа уапсени

Тројца странски државјани се приведени во Дубаи, откако напад со дрон ја погоди нивната зграда, а тие испратиле фотографии и пораки до членовите на своите семејства за да ги известат дека се безбедни, тврди групата за правна помош „Detained in Dubai“.

Групата вели дека жителите биле во своите домови кога дронот удрил, предизвикувајќи ја експлозијата. Тие веднаш направиле фотографии од штетата и ги испратиле сликите приватно до своите семејства за да ги уверат дека го преживеале инцидентот.

„Наместо да добијат поддршка како жртви на инцидентот, жителите беа приведени од полицијата во Дубаи откако властите побараа пристап до нивните телефони“, се вели во соопштението на групата, која обезбедува правна помош во Обединетите Арапски Емирати.

Радха Стирлинг, извршна директорка на групата, рече дека властите треба да покажат поразумен и посочувствителен пристап кон жителите, за кои, според неа, инстинктивно реагирале во трауматичен момент.

Минатата недела беше објавено дека 60-годишен Британец, за кој се верува дека е турист, е меѓу 20-те лица обвинети во ОАЕ според законите за сајбер криминал за снимање и објавување материјал поврзан со нападите на Иран врз земјата.

Властите во Дубаи привремено ги прекинаа летовите на меѓународниот аеродром во градот денес откако „инцидент со дрон“ предизвика пожар во близина. Официјалните лица изјавија дека никој не е повреден во инцидентот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран: Не, Американците не го спасија пилотот на соборениот Ф-15

C +

Напад врз петрохемиски комплекс во Емиратите

C +

Иран тврди дека соборил три американски летала за време на спасувачката мисија

C +