Centar.mk
СВЕТ

Иран тврди дека врховниот лидер Хамнеи е добро и ја контролира ситуацијата

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е во добра здравствена состојба и целосно ја контролира ситуацијата во земјата.

Во интервју за Алараби ал Џадид, Арагчи посочи дека Техеран е подготвен да поддржи секоја регионална иницијатива што би довела до „праведен крај на војната“, но нагласи дека во моментов нема конкретен предлог за прекин на конфликтот.

Говорејќи за ситуацијата во Ормускиот теснец, шефот на иранската дипломатија изјави дека поморскиот премин е отворен за пловидба./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран: Не, Американците не го спасија пилотот на соборениот Ф-15

C +

Напад врз петрохемиски комплекс во Емиратите

C +

Иран тврди дека соборил три американски летала за време на спасувачката мисија

C +