Centar.mk
фото: скриншот на видео од Влада
СВЕТ

Турција испраќа борбени авиони Ф-16 на Кипар

Турција испраќа шест борбени авиони Ф-16 во Кипар, пренесуваат медиумите во регионот.

Како што објави денес турската НТВ, се очекува борбените авиони Ф-16 да слетаат на аеродромот Ерџан, на север од островот.

Во зградата на аеродромот се во тек подготовки за сместување на персоналот што ќе биде стациониран таму.

Ашкин Мешели, вршител на должноста директор на Одделот за цивилно воздухопловство, објави дека Турција утрово ќе испрати шест борбени авиони Ф-16.

Мешели изјави дека авионите се испраќаат од безбедносни причини и дека пратката нема да влијае на цивилните летови.

Во најновото соопштение од Министерството за национална одбрана, исто така, се наведува дека, со оглед на неодамнешните настани, се разгледува распоредувањето на борбени авиони Ф-16 на островот за да се обезбеди безбедноста, потсетува НТВ и додава дека одлуката доаѓа по серијата напади врз базата Акротири во јужен Кипар.

Предупредување за беспилотни летала е издадено во британска база во јужен Кипар откако Велика Британија ги отвори своите бази за САД, кои го напаѓаа Иран./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Турскиот опозициски лидер оди на суд: се соочува со 2.430 години затвор

C +

Експерти: САД влегуваат во војна во Иран без цел или стратегија

C +

(Видео) Американската војска уби шестмина во Пацификот: „Патувале по шверцерски рути“

C +