Centar.mk
РЕГИОН

Хаос на бензинските пумпи во Црна Гора по предупредувањето од нафтените компании

Бензинските пумпи во Црна Гора се во состојба на хаос откако Здружението на нафтени компании на Црна Гора (UNKCG) предупреди во текот на вчерашниот ден дека постои сериозен ризик од прекин на снабдувањето со гориво во земјата.

Тие тврдат дека од почетокот на кризата на Блискиот Исток, цената на нафтата, особено на евродизелот, од добавувачите е за 30 проценти повисока од цените по кои горивото моментално се продава во Црна Гора.

Црногорското Здружение на нафтени компании тврди дека проблемот е постојната државна регулатива која ги пресметува максималните малопродажни цени во Црна Гора на секои две недели и дека не ја следи динамиката на промените на меѓународниот пазар.

„Во такви околности, разликата помеѓу куповните и продажните цени брзо се зголемува, што неизбежно создава сериозни финансиски загуби за компаниите и води до прекини во синџирите на снабдување“, објави Здружението на нафтени компании на Црна Гора.

Од друга страна, црногорското Министерство за енергетика и рударство тврди дека нема недостиг од нафтени производи, ниту дека постои ризик од прекини во снабдувањето на пазарот.

Во соопштението за медиумите, тие наведуваат дека најголемиот број бензински пумпи во земјата продолжуваат да обезбедуваат редовно и непрекинато снабдување, како и дека расположивите количини на гориво се доволни за уредно функционирање на пазарот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Пукање во кафуле во Хрватска: го убил шефот на крим полицијата, па се застрелал себеси

C +

Вучиќ: Претстојната посета на Кина ќе биде најважната во мојата политичка кариера

C +

„Тепачка“ за лежалки во Грција заврши на суд, турист доби речиси 1.000 евра отштета

C +