Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот лидер Владимир Путин „веќе ја започнал Третата светска војна“ и дека единствениот одговор на тоа е силен воен и економски притисок врз Москва.
Во интервју за Би-Би-Си, дадено во Киев во пресрет на четиригодишнината од почетокот на руската инвазија, Зеленски рече дека верува оти конфликтот има пошироки глобални последици.
„Верувам дека Путин веќе ја започнал. Прашањето е колку територии ќе може да заземе и како да го запреме…“, изјави Зеленски за Би-Би-Си.
Според него, Русија се обидува да наметне поинаков начин на живот и да ги промени изборите што луѓето ги направиле.
„Русија сака да му наметне на светот поинаков начин на живот и да ги промени животите што луѓето ги избрале“, рече украинскиот претседател.
Зеленски истакна дека, според него, единствениот одговор е „силен воен и економски притисок“ за Путин да биде принуден да се повлече./Извор:Makfax


