Centar.mk
СВЕТ

Пак загинати во израелски напади во Газа

Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.

Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.

Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.

Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Велика Британија би можела да испрати илјадници дронови на Блискиот Исток

C +

Иран тврди дека врховниот лидер Хамнеи е добро и ја контролира ситуацијата

C +

Украинец во Риека со измама зел речиси 100.000 евра од тројца пензионери со приказна за итна операција

C +