Centar.mk
СВЕТ

46 жртви во железничката несреќа во Шпанија

Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори.

Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“.

Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање испит за затворски чувар. По несреќата била на интензивна нега поради сериозни проблеми со белите дробови.

Од вчера, 16 од 126-те повредени патници и понатаму се во болниците во Андалузија, од кои двајца се на интензивна нега. Андалузиската здравствена служба извести за уште едно отпуштање од болница и за еден пациент кој го напуштил одделот за интензивна нега.

Поради смртта на најновата жртва, шпанската влада одлучи да ја одложи државната комеморација закажана за денеска. Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека државата ќе продолжи со истрагата и ќе им дава поддршка на семејствата погодени од трагедијата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Велика Британија би можела да испрати илјадници дронови на Блискиот Исток

C +

Иран тврди дека врховниот лидер Хамнеи е добро и ја контролира ситуацијата

C +

Украинец во Риека со измама зел речиси 100.000 евра од тројца пензионери со приказна за итна операција

C +