Centar.mk
фотографијата е на центар.мк
МАКЕДОНИЈА

Украле паричник па празнеле сметка од банкомат – кривични пријави за тројца осомничени

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 41 годишен жител на Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела кражба и соизвршителство во врска со оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем, како и против 35 годишен жител на Штип и 38 годишен жител на Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело соизвршителство во врска со оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем.

На 29.10.2025 година, од куќа на лице од Кочани, првопријавениот одзел паричник со пари, лични документи и платежна банкарска картичка. Потоа, картичката му ја дал на второпријавениот, кој заедно со третопријавениот од банкомат во Кочани извршиле три успешни трансакции од по 30.000 денари, односно вкупно 90.000 денари, а направиле и дополнителен обид за трансакција кој бил неуспешен.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК