Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

Не застанал на полициски знак, па оставил шест мигранти во автомобил

На 22.12.2025 во 01:00 часот на влезот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на патничко возило „фолксваген голф“ со албански национални ознаки, но возилото продолжило со движење. Набргу, возилото запрело, а возачот и совозачот го напуштиле местото.

Додека, при преглед во возилото се пронајдени шест лица мигранти, од кои пет лица од Египет и едно лице од Мароко. Мигрантите се сместени во Прифатно-транзитен центар Винојуг во Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК