Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Временска прогноза за наредните денови: Магла, дожд и снег

До вторник ќе се задржи стабилно и тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.

Прогноза за 22.12.2025
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 5°C до 11°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 23.12.2025
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 6°C до 12°C

Променливо облачно. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец

Прогноза за 24.12.2025
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 4°C до 10°C

Променливо облачно. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК

Николовски: Во ЕУ го запреа Мацура за 19%, кај нас доби согласност за 100%, Европа е филтер за криминал

ДЕСК

Јаревски: Во случајот со Алта банка ниту имаме стечај, ниту пропаѓање,  постои мерка на администрација, Народна банка реагираше навремено

ДЕСК