Centar.mk
СВЕТ

Путин: 2025 година значајна пресвртница во воената кампања, „Орешник“ ќе биде ставен во борбена готовност до крајот на годината

Рускиот претседател Владимир Путин денес тврдеше дека руските сили презеле стратешка иницијатива на целиот фронт во Украина ветувајќи проширување на таканаречената тампон-зона.

Путин тврди дека руските сили ја имаат иницијативата, дека окупирале повеќе од 300 населени места во текот на 2025 година и дека се подготвени да ја забрзаат офанзивата, пишува „Киев пост“.

„Оваа година беше пресвртница“

Зборувајќи на состанокот на одборот на руското Министерство за одбрана, Путин оцени дека 2025 година е значајна пресвртница во воената кампања. Според него, руските сили се способни да ги забрзаат офанзивните операции во стратешки важните области на фронтот, пренесуваат медиумите.

„Руските вооружени сили го уништуваат непријателот, вклучително и нивните елитни единици обучени во западните воени центри“, рече тој.

Путин се пофали и со модернизацијата на морнарицата наведувајќи дека руската морнарица добила нови подморници во 2025 година, како и 19 површински брода и помошни бродови.

Тој рече дека Русија успешно ги тестирала своите нуклеарни крстосувачки ракети „Буревестник“ и подводниот дрон „Посејдон“ нагласувајќи дека системите веќе постојат и дека ќе продолжат да се подобруваат.

Додаде дека вториот систем, ракетата „Орешник“, ќе биде „ставена во борбена готовност до крајот на годината“.

Во исто време, Путин ги отфрли предупредувањата за можен руски напад врз Европа како лаги и бесмислици.

„На луѓето во Европа им се всадува страв од наводно неизбежен конфликт со Русија, но тоа е лага и едноставно е бесмислица“, рече Путин, пренесува „Танјуг“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Хакери упаднаа во системот на француското министерство, пристапија до тајни бази на податоци

C +

Американците убија преживеани по напад на брод; Хегсет: Нема да ја објавиме снимката

C +

Трамп ја продолжи забраната за патување во САД за уште седум земји

C +