Centar.mk
фото Општина Илинден
ЛОКАЛНО

Одржана четвртата седница на советот за превенција во Општина Илинден

Во рамки на подобрување на јавната безбедност на територија на општина Илинден, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, заедно со претставници од надлежни институции, ја одржа четвртата редовна седница на Локалниот Совет за превенција.

На седницата, претставникот на Министерството за внатрешни работи, во својство на член на Советот, го презентираше извештајот со статистички показатели за безбедносната состојба во Општина Илинден за 2025 година. Дополнително, градоначалникот и претставниците на Општината ги изнесоа реализираните активности насочени кон подобрување на безбедноста во сите населени места.

Во рамки на дискусијата беа донесени препораки и заклучоци за итно преземање превентивни мерки со цел зголемување на нивото на јавна безбедност. Сите присутни се согласија дека преку координиран пристап, континуирана соработка и постојано превентивно присуство на терен, може да се обезбедат побезбедни услови за живот за граѓаните на општина Илинден.

Основна цел на Локалниот совет за превенција е формулирање заеднички препораки за унапредување на јавната безбедност, како и градење доверба, партнерски односи и спречување на појави кои негативно влијаат врз безбедноста во општината.

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

Водата во Ресен не се препорачува за пиење

ДЕСК

Голема Река во Ресен го достигнува врвот, неколку улици се под вода, а метеоролозите најавуваат пороен дожд и следните денови

ДЕСК