Centar.mk
фото Царинска Управа
МАКЕДОНИЈА

Директорот на Царина Николовски од Брисел: Македонија чекор поблиску до ЕУ – потпишан Mеморандум за електронска размена на податоци со Бугарија

На највисоко ниво и во присуство на еврокомесарот за проширување Марта Кос, денеска во седиштето на Европската комисија во Брисел, директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорот на Националната царинска агенција на Република Бугарија, Георги Димов, потпишаа Меморандум за разбирање со кој се овозможува електронска размена на податоци. Целта е забрзување на легалната трговија и спречување на обиди за царинска измама, со што директно ќе се придонесе за зајакнување на конкурентноста на македонската економија на пазарот во ЕУ.

Николовски вели дека со овој чекор Царинската управа јасно ги покажува силните заложби на институцијата за забрзување на интеграцијата на нашата држава во ЕУ.

„На овој начин го трасираме патот напред, при што нашата интенција е забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ и подобрување на конкурентноста на македонската економија. Од ЕУ имаме силна поддршка, за што доказ е и денешниот настан“, истакна Николовски од Брисел.

На потпишувањето беа присутни директорите на Царинските управи од земјите од Западен Балкан и ЕУ, како и директорите на ЦЕФТА и Транспортна заедница.

фото Царинска Управа

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК