Centar.mk
БИЗНИС

Цените на нафтата се искачија на 112 долари за барел

Цените на нафтата се искачија на 112 долари за барел откако иранските медиуми објавија воздушен напад што погоди објект на најголемото поле за природен гас во светот.

Референтната цена на суровата нафта Брент достигна 112 долари за барел рано наутро во Азија, што е повеќе од 5 проценти повисоко од цената во вторникот, објавува Би-Би-Си.

Наглиот пораст следеше по извештаите дека иранскиот петрохемиски комплекс на гасното поле Јужен Парс бил погоден.

Неколку часа подоцна, Катар објави дека е предизвикана голема штета на индустриското место Рас Лафан по заканите од Иран.

Иако цената и на нафтата и на гасот нагло порасна, таа остана под максимумот забележан претходно за време на конфликтот, според Би-Би-Си и потсетува дека нафтата достигна цена од 116,78 долари за барел на 9 март.

Иранското министерство за нафта соопшти дека пожарот во петрохемискиот комплекс е под контрола, објави „Тасним“, новинска агенција поврзана со Корпусот на исламската револуционерна гарда./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

CLOUDFLARE СО 39 ПРОЦЕНТИ ПОВИСОКИ ПРИХОДИ – Компанијата сепак пријави нето-загуба

ДЕСК

ПОЗНАТО Е КОГА ДОАЃА ПОВРАТОТ ОД „МОЈДДВ“ – Државата ќе може да исплати 2.100 денари по лице на скенирачите на сметки за последниот квартал

ДЕСК

ДАЛИ ВО ПЕТОК ТРЕБА ДА СЕ ПОСЕТИ МЕНУВАЧНИЦА – Колку денари се 100 евра, долари, фунти и франци на 6 ноември?

ДЕСК