Centar.mk
СВЕТ

Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по убиството на 15 лица на плажата Бонди

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денес предложи построги национални закони за оружје по вооружениот напад за време на прославата на еврејскиот празник Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, во кој во неделата беа убиени 16 лица.

Албанезе рече дека ќе предложи нови ограничувања, вклучително и ограничување на бројот на оружје што може да го добие лиценциран сопственик.

Неговите предлози беа објавени откога властите открија дека постариот од двајцата напаѓачи, кои беа татко и син, ги набавил своите шест оружја легално.

„Владата е подготвена да ги преземе сите потребни мерки. Ова ја вклучува и потребата од построги закони за оружје. Луѓето може да се радикализираат со текот на времето. Дозволите не треба да бидат засекогаш“, рече австралискиот премиер.

Најмалку 38 лица беа повредени и однесени во болници по масакрот во неделата кога двајца напаѓачи отворија оган неселективно на забава на плажа.

Меѓу убиените беа десетгодишно девојче, рабин и преживеан од холокаустот.

Нападот, кој се смета за терористички напад, ги вознемири Австралијците и инцира прашања за тоа дали властите направиле доволно за да го спречат растечкиот антисемитизам, пишуваат медиумите./Извор:Мakfax

Можеби ќе ве интересира

Taткото и синот кои го извршиja масакрот во Австралија на семејството му рекле дека одат на риболов, се истражуваат врските со Исламска држава

C +

Аналитичар: Ако ЕУ навистина сака да се прошири, тоа мора да се одрази во новиот буџет

C +

Пентагон откри нови детали за хиперсоничното оружје „Темниот орел“

C +
error: Соддржината е заштитена.