На 22.11.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 42-годишник од Битола.
Според пријавеното, 42-годишникот упатил закани по живот кон неговата 25-годишна сопруга, со која се во бракоразводна постапка.
По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.


