Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Се враќаат врнежите: дожд во градовите, снег на планините – еве што нè чека!

Од вторник ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

Прогноза за 02.12.2025
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 6°C до 13°C

Променливо облачно, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 03.12.2025
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 6°C до 11°C

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 04.12.2025
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 7°C до 13°C

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК