Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Опасно возење: два случаи на алкохолизирани возачи завршија со приведување

Лишени од слобода двајца возачи во Гевгелиско и Радовишко, поради управување возило под дејство на алкохол

На 22.11.2025 година, во два одделни случаи, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода двајца возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол.

Првиот случај бил регистриран во 21:40 часот на регионалниот пат 1109, во близина на село Фурка, Гевгелиско. Полициската патрола запрела патничко возило со скопски регистарски ознаки, при што по извршени проверки било утврдено дека возачот управувал со 2,35 промили алкохол во крвта.

Вториот случај се случил во 23:05 часот во Радовиш, каде било запрено патничко возило со струмички регистарски ознаки. По тестирањето било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол со 2,69 промили во крвта.

По целосно документирање на двата случаи, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик за „безобзирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК