Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Службено лице од СВР Велес осомничено за незаконско постапување во управна постапка

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Н.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот, како самостоен референт – контролор во Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи при СВР Велес, постапувајќи по предмет за одземање на оружје и дозвола за поседување на оружје од лице за кое претходно се водела управна постапка, иако бил истечен законски утврдениот рок, пријавениот спротивно на одредбите од Законот за општата управна постапка, ја повторил постапката и изготвил решение со кое ја запрел и покрај тоа што за истиот предмет Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен Скопје донела решение со правна поука во која лицето било упатено на поведување управен спор пред надлежен Управен суд.

Со наведените дејствија, пријавениот му овозможил на лицето да му биде вратено одземеното оружје и дозволата за поседување на оружје. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Н.Т. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК