Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Студентите добиваат 250 евра! Почна пријавувањето за лаптопи, таблети и компјутери

Ветеното, го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди, велат од Владата, во соопштението кое го пренесуваме во целост:

Студентите ги добиваат ветените 250 евра или 15.300 денари за набавка на електронски уреди, лаптоп, таблет или персонален компјутер.

Оваа мерка на Владата подразбира дека сите студенти до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети ќе добијат по 15.300 за набавка на електронски помага, во зависност од тоа што им е потребно.

850 милиони денари од буџетот се издвојуваат за студентите.

Со оваа мерка директно помагаме на сите семејства и ги олеснуваме трошоците за студирање.

Студентите ќе можат да аплицираат до 20 декември, додека пак подигањето на ваучерите ќе можат да го реализираат до 31 декември 2025 година. Условите за аплицирањето се објавени на веб сајтот на Влада.

Линкот е јавно достапен и можат да аплицираат сите студенти: https://vlada.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/vlada-zapocna-apliciranjeto-za-elektronski-vauceri-za-studenti-preku-nacionalniot-portal-za-e-uslugi

Ги повикуваме студентите да ја искористат оваа мерка и да аплицираат навремено.

Владата продолжува посветено да реализира мерки за студентите.

Студентите се иднината на Македонија и наша обврска како Влада е да им обезбедиме пристојни услови за студирање преку низа на мерки кои значат квалитетно образование.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА НЕМИЛОСРДНА НА ТЕРЕН: Шест лица лишени од слобода на повеќе локации низ Скопје

ДЕСК

УШТЕ ЕДНА АРАМИСКА РАБОТА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Двајца мажи го нападнале, трето лице – жена му ги зело парите

ДЕСК

ЗЛОДЕЛО СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Две лица физички нападнале пензионерка и ѝ ги зеле парите

ДЕСК