Centar.mk
БИЗНИС

НОВА ТУРА НА ПОСКАПУВАЊА ГИ ВОЗНЕМИРИЈА ГРАЃАНИТЕ: По јајцата, ќе поскапи и месото – Како ќе се преживеат празниците?

Нови поскапувања го тресат пазарот, како ќе се слават празниците без месо на трпеза

Нова рунда поскапувања го погодува домашниот пазар токму пред празничниот период, а тоа дополнително ги вознемири граѓаните кои велат дека веќе го живеат „најскапиот ноември во последните години“. По растот на цените на јајцата, чија малопродажна цена достигна рекордни износи на дел од пазарите од 330 до 360 денари за табла, нов удар следува со најавите за поскапување на месото.

Според трговците, зголемувањето на цените се должи на скапите увозни набавки, транспортните трошоци и зголемената побарувачка. Но, за граѓаните тоа е уште еден економски удар кој директно ќе се почувствува на празничните трпези.

Гласот на граѓаните: „Со ова темпо, празници ќе има само на телевизија“

„Секој ден е нова пресметка. Кога ќе одам на пазар, не знам дали ќе можам да ги купам ни основните производи“, вели една скопјанка додека споредува цени на месо во маркет во Аеродром.

„Нас пензионерите кој ќе нè праша? Пензијата се топи уште првиот викенд. Секое празнично готвење станува луксуз“, додава пензионерка од Ѓорче Петров, која вели дека порано правела богата празнична трпеза, но годинава ќе мора да ја намали листата за пазарење.

Друг граѓанин револтирано коментира:
„Како вака да славиме? Децата бараат да се направи колач, месо, салата… а цените само растат. Празници ќе преживееме, ама со долгови.“

Анализа: Празничните кошнички поскапуваат, трговците предупредуваат на нови корекции

Пазарните анализи покажуваат дека најмногу поскапуваат производите кои традиционално се користат за новогодишните и божиќните менија: месо, сувомеснати производи, сирење, јајца, ореви и чоколадо.

Трговците велат дека причина е и зголемената глобална побарувачка, која ги турка цените нагоре. Маркетите веќе ги коригираат цените, а според првичните процени, цените на одредени категории месо би можеле да се зголемат за дополнителни 5% до 15%.

Како ќе преживеат празниците?

Граѓаните се прашуваат дали ќе бидат принудени да го заменат месото со поевтини алтернативи или да ја намалат количината на купување. Економистите предупредуваат дека поради зголемените цени и кредитната задолженост, празничната потрошувачка може да биде најниска во последната деценија.

„Потрошувачката моќ е значително намалена и многу семејства ќе мора да бираат помеѓу основните намирници и празничниот луксуз“, велат аналитичарите.

Можеби ќе ве интересира

Овој ноември сме плаќале поскапо кафе и храна по кафичите и рестораните за цели 4,1 отсто во однос на лани

ДЕСК

Маск ја напаѓа ЕУ?

ДЕСК

„Нетфликс“ го купува „Ворнер брос“ за 72 милијарди долари

C +
error: Соддржината е заштитена.