Centar.mk
СВЕТ

Дронови го парализираа аеродромот во Брисел, откажани 28 лета

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Брисел бил двапати прекинат во вторникот навечер поради појава на дронови, но аеродромот повторно почнал да работи околу 23:15 часот, јави Брисел тајмс.

Првото затворање траело од 20:00 до 21:30, а второто од 22:00 до 23:15, откако контролорите на летови забележале дронови во воздушниот простор над аеродромот.

Инцидентот влијаел на летови во двата правца — 28 летови биле откажани (12 полетувања и 16 слетувања), додека други биле пренасочени кон аеродромите во Мастрихт, Келн и дури Амстердам./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

ДЕСК

46 жртви во железничката несреќа во Шпанија

ДЕСК

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

ДЕСК