Centar.mk
СВЕТ

Јужна Кореја бара помош од Кина за обновување на дијалогот со Северна Кореја

Јужна Кореја изрази подготвеност да ги нормализира односите со Северна Кореја и побара помош од Кина за обновување на преговорите.

На средбата по самитот на APEC во градот Ѓеонгју, кинескиот претседател Шји Џинпинг му порача на јужнокорејскиот колега Ли Џае-мјунг дека Пекинг е подготвен да ја прошири соработката и заедно да се справува со регионалните предизвици.

Ли, кој е на функцијата од јуни, изјави дека сака да ги зајакне врските со САД без да ја антагонизира Кина и дека верува оти постојат поволни услови за комуникација со Пјонгјанг. Тој повика и на постепен пристап кон денуклеаризацијата на Северна Кореја, започнувајќи со отворање дијалог и замрзнување на развојот на нуклеарното оружје.

Пјонгјанг, пак, го одби предлогот за денуклеаризација, нарекувајќи го „неостварлива илузија“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран: Нашата ракета падна на неколку метри од канцеларијата на Бенјамин Нетанјаху

C +

Европа до Трамп: Не нѐ уценувајте, oва не е наша војна

C +

Трамп: Верувам дека ќе имам чест да ја преземам Куба, можам да правам што сакам

C +